Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Џафери во прва официјална посета на Обединетите Арапски Емирати

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во периодот од 15 до 17 ноември 2021 година, ќе оствари прва официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, која коинцидира со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

Во составот на собраниската делегација се и членовите на Пратеничката група за соработка на Собранието со парламентите на земјите од Блискиот исток и Арапскиот залив, пратениците, Хусни Исмаили, претседател на Групата и членовите, Дарко Каевски и Бедри Фазли.

Во рамки на програмата се предвидени средби со домаќинот, Сагар Ал-Гобаш, Спикер на Федералниот национален совет на Обединетите Арапски Емирати и со повеќе високи претставници од Владата на ОАЕ и одделни ресорни министерства.

За време на престојот, предвидена е и посета на Павилјонот на Република Северна Македонија на “Експо Дубаи 2020”, информираа собраниските служби.

Можеби ќе ве интересира

Комисијата за култура и туризам во посета на Археолошкиот музеј

ДЕСК

Јованчев: Владата на СДС и ДУИ во 2023 барала деловна соработка со Алта банка од Србија

ДЕСК

ОД НЕДЕЛА НОВА ОБВРСКА ЗА ВОЗАЧИТЕ – Зимската опрема станува задолжителна

ДЕСК