Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопје: Италијанец со возило со бугарски таблични прегази девојка – со тешки повреди итно пренесена во “Мајка Тереза”

На 12.11.2021 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туарег“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(63) од Италија, со постојан престој во Скопје, удрилo во пешакот Т.К.(24) од Скопје.

Во несреќата Т.К се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од денешното ВМРО

C +