Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Хоџа: И покрај сѐ, Беса ја продолжува војната

Арјанит Хоџа од Беса на својот „Фејсбук“ објави дека пратеникот Кастриот Реџепи ќе одговара за своите постапки откога денеска не се појави во Собранието за да гласа за недоверба на Владата. Според Хоџа, врвот на опасноста од демократијата се достигнува кога преку недемократски форми, дури и слободното изразување на волјата е невозможно за пратениците.

„Закани, уцени или други форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот. И покрај сѐ, Движењето Беса ја продолжува војната. Одиме по нашиот свет пат за да го победиме УГНЕТУВАЊЕТО! Секој одделно ќе одговара за своите постапки, а Движењето Беса продолжува со политичкото патување. Соработката со опозициската АА-ААА ќе продолжи до последното соборување на овој режим“, пишува Хоџа.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК