8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кузеска: Граѓаните кои гласаа одлучија каде ќе се движат општините и државата, изборите беа слободни и демократски

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Денеска се одржаа фер, слободни и демократски избори.

Огромно мнозинство од граѓаните денеска излегоа на гласање и дадоа правец каде ќе се движат државата и општините во следните четири години.

Каков ќе биде правецот, ќе видиме од резултатите од гласачките места.

Денеска победи демократијата, победи слободната волја на граѓаните и покрај обидите за компромитирање на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Не успеаја обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ги компромитира изборите, таквите режимски методи врз слободната волја беа откриени и по нив постапуваат надлежните институции.

Ѓорче Петров, Кочани, Македонска Каменица се само дел од случаите каде ВМРО-ДПМНЕ со своите режимски тактики се обиде незаконски да влијае врз изборниот процес.

Граѓаните денеска на слободни и демократски избори го дадоа својот глас, гласаа слободно и без притисоци, а избирачката волја на мнозинството ќе биде испочитувана.

Во име на СДСМ им честитам на граѓаните, на институциите за денешниот успешен изборен ден.

Во следната прес-конференција во текот на вечерва, ќе излеземе и со првичните изборни резултати по општини.

Спонзорирано: