Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кочани: Пратеник и уредник на портал од исто возило неовлстено снимале граѓани, кои потоа му го попречиле патот

На 30.10.2021 во 18.10 часот во Полициската станица Кочани, М.Л. од Кочани пријавил дека, додека се движел со својот автомобил ,,шкода“, од автомобил ,,мини морис“ му бил попречен патот на ул.,,Стамен Манов“ и околу неговото возило се собрале повеќе лица и удирале по возилото.

Во врска со настанот, во 21.30 часот во Полициската станица Кочани, Ш.М.(43) од Кочани пријавил дека околу 17.30 часот М.Л. од Кочани и други две лица, кои биле со него, вршеле неовластено снимање на пријавителот и на повеќе други лица со кои пријавителот бил во објект на на ул.„Стамен Манов“.

Неофицијално во истото возило се наоѓале пратеник во парламентот, уредник на портал и уште едно лице. Тие непвлсстено снимале семеен собир, со што ги испровоцирале граѓаните.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК