Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Финансиски ќе ги поддржиме здруженијата за стерилизација и кастрација на уличните животни

Финансиска поддршка за здруженијата за заштита на животни на подрачје на општина Центар за стерилизација или кастрација на бездомните животни најави Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата.

Герасимовски денеска се сретна со Здруженијата Шепасти Ентузијасти, Кане Корзо Надеж и Поддршка од Дејзи Фемили и договорија стерилизацијата или кастрацијата на бездомни животни кои гравитираат на територија на општината да се одвива во соработка со ветеринарните амбуланти во општина Центар.

Општината во следниот период ќе посвети сериозно внимание на поставување нови паркови за миленици но и одржување на постоечките. Исто така на повеќе локации низ општината ќе бидат поставени обележани корпи за отпадоци наменети за домашни миленици покрај кои ќе има и кесички со цел одржување подобра јавна хигиена на општината.

На овој начин, улиците, парковите, јавните пешачки патеки, па дури и затворените места и специјализираните паркови за забава на миленици ќе останат чисти.
Општина Центар ги следи примерите од цивилизирани земји каде основен бонтон на однесување во јавен простор го почитуваат сите сопственици на миленици.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК