24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

360 степени: Арсовска од личната карта што ја покажа СДСМ е гласач во Петрич

Ако во системот за електронски увид во избирачкиот список на Бугарија се внесе матичниот број на бугарската лична карта за која СДСМ тврди дека е на Данела Арсовска, се добива резултат дека таа личност е регистриран гласач на претстојните претседателски и парламентарни избори во Бугарија, на 14 ноември. Лицето од личната карта може да го оствари правото на глас во СУ „Никола Вапцаров“ во Петрич, во округот Благоевград, пишува порталот 360 степени.

Податоците од избирачкиот список покажуваат дека дел од информациите на личната карта што ја објави СДСМ се неспорно точни и проверливи. Прво, дека во Бугарија навистина постои државјанка Даниела Арсовска, дека е жена, дека има адреса во Петрич и дека според матичниот број, таа е родена на 20 декември 1979 година.

– Направивме проверка и на самата лична карта, преку системот на бугарското МВР, и добивме информација дека документот е валиден, пишува 360 степени.мк.

Даниела Арсовска, жената од бугарската лична карта што денеска ја презентираше СДСМ тврдејќи дека тоа е Данела Арсовска, кандидатката за скопска градоначалничка, има право на глас во Петрич, каде што е жителка. Тоа го покажува електронскиот увид во Избирачкиот список на Бугарија што го направи „360 степени“, според објавените податоци/фотографии од страна на владејачката партија.

Податокот може да го провери секој. На личната карта што ја објави СДСМ, меѓу другите податоци, е објавен и матичниот број на Даниела Арсовска, бугарската државјанка за која СДСМ тврди дека е Данела Арсовска. Матичниот број, кој слично како во земјава го содржи датумот на раѓање, но по обратен редослед (1979 година 12 месец, 20 ден), е 7912200192.

Првиот чекор од пребарувањето е да се отвори интернет-страницата на бугарската Главна дирекција „Граѓанска регистрација и админстративен сервис“ (Главна дирекция „Гражданска регистрация и административно обслужване“). Линкот ве води директно во делот кој овозможува пребарување по матичен број. Таму, прво, се внесува матичниот број (7912200192) во соодветното поле, па името (Даниела) и на крај безбедносниот код што ќе се прикаже на екранот. За пребарување во системот треба само да се стисне уште „търсене“, што значи „барај“.

Кога ќе се заврши оваа процедура, на екранот излегуваат податоците од сликата подолу:

(2)

Целиот текст прочитајте го на 360 степени.мк.

 

фото:(1)СДСМ/ (2)принтскрин/360степени