18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Биди информиран!

Здружението за развој на претприемништвото и туризмот – Концепт плус започна со реализации на обуки за медиумска писменост во рамките на проектот „Биди Информиран“ финансиран од општина Гази Баба. Основна идеја за реализација на овој проект е времето во кое живееме, кога луѓето постојано се опкружени со различни медиуми и информации, неопходно е истите, а посебно младите да умеат да се справат со неконтролираниот наплив на различни информации. На луѓето им се потребни нови вештини и знаења за да можат да учествуваат во општствениот живот користејќи ги медиумите и новите информатички технологии во позитивна насока.

Проектот “Биди Информиран!„ има за цел промовирање и развивање на медиумската писменост во општина Гази Баба со цел активен придонес кон иницирање и решавање на локални предизвици со кои се соочуваат граѓаните во таа општина. Поради изборните процеси кои се случува во 2021 година медиумскиот простор е преполн со различни видови на информации кои имаат цел за манипулација и свртување на вниманието на граѓаните. Преку проектот граѓаните ќе можат да препознаат што е вест, а што манипулација и ќе се поттикнат да дејствуваат за решавање на локалните предизвици..

Концептот на медиумска писменост е да ја зајакне отпорноста на јавноста, но и со способност за справувањето со негативните ефети од феномените кои произлегуваат од лажните вести и „пост-вистината“, како и рушење на јавната доверба, зголемување на говорот на омраза, поларизираност на политиките и фрагментираноста на медиумите.

Концепт плус: “Промовирањето на медиумската писменост значи поттикнување на критичкото и аналитичкото размислување и развој на граѓанска свесност. Демократско општество претпоставува непречено уживање на правото на слобода на говор и информирање, како предуслов за изразување на граѓаните и активно граѓанство Истовремено активностите кои се реализираат во овој проект е и да се промовира и да се поттикне поголемо учество на младите во општеството„.

Досега во рамките на проектот се одржаа 2 обуки за медиумска писменост кои беа интерактивни и беа изработени 2 предлог акции за решавање на локалните предизвици. Предвидено е да се имплементира уште 2 обуки во текот на месец ноември.

Проектот „Биди Информиран“ е финансиски поддржан од општина Гази Баба, а го имплементира Здружението на граѓани КОНЦЕПТ Плус во 2021 година.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски тврди дека очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредни парламентарни избори

ДЕСК

НОВИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Утре невреме, од среда до петок пеколни температури, а викендот голема промена и значителен пад на температурите

ДЕСК

Смачкан автомобил по директен судир со камион – Нова страотна сообраќајка на југозападот од Македонија

ДЕСК