18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ Куманово: Димитриевски да не се крие зад „граѓаните”, туку да одговори за злосторничкото здружување со ДПМНЕ

Реакција на СДСМ Куманово:

Максим Димитриевски во стил на неговиот нов ментор Груевски се повикува на граѓаните, односно се крие во сенката на граѓаните. Неговата „коалиција со граѓаните” е всушност коалиција со режимот.

Димитриевски, прифати ја волјата на граѓаните, а тоа е РЕЖИМ ВО КУМАНОВО НИКОГАШ, НОВА ДИКТАТУРА НА ГРУЕВСКИ НИКОГАШ! Попусти се твоите обиди за манипулација на кумановци.

Секогаш сме биле и ќе бидеме пркосот на режимот. На 31ви сите ќе се уверат дека Куманово бил и ќе биде бастионот на СДСМ, а не бастион на пазарења со станови, на црните пари на Груевски и Мијалков. Затоа, повторно те прашуваме и ќе те прашуваме секој ден додека не одговориш – Дали господине Димитриевски чувствувате гадење што си подадовте рака вие и оние кои за малку не ве убија вас, Зоран Заев, Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска, Зијадин Села во Собранието? Дали заборавивте на тој 27 април, а ако не сте заборавиле, дали вашиот договор значи дека и вие барате амнестија за осудените на 27 април, дали заедно со советничката од ВМРО-ДПМНЕ Елена Божиновска Доцевска сега заедно ќе правите нереди и ќе организирате насилства? Дали ќе ги влечете Ромите за уши заедно со вашите нови пријатели? Дали и вие Димитриевски ќе се претворите во Ќосето и ќе сечете глави, на социјалдемократите, на албанците? Димитриевски, кој е вашиот газда сега, Мицковски и Груевски? Дали Будимпешта ви ја спонзорираше најскапата кампања во изборната историја на државата?

Димитриевски, граѓаните заслужуваат одговор на овие прашања!