13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Хоџа: Имаме реализација на највисоко ниво на се што беше потребно за да се добие соодветна законска рамка за работењето на задругите

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, присуствуваше на завршен настан по повод затворање на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“. Завршниот настан се реализираше во присуство на претставници од релевантни национални и меѓународни организации, институции, ѓраѓански организации, задруги, земјоделци и групи на земјоделци.

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“е од исклучителна важност за развој на задругарството во Република Северна Македонија. Финансиски е поддржан од Европската Унија, имплементиран од страна на CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија. Краен корисник е МЗШВ и сите земјоделци.

На настанот поздравни обраќања имаа министеротАрјанит Хоџа, г -дин Константинос Супилас – Програмски менаџер Делегација на ЕУ, г -ѓа Сумка Бучан – Регионална директорка на CARE, г -дин Лазар Неданоски – Извршен директор на МРФП и г-ѓа Сузана Димитриевска – Претседателка на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

„Во изминатиот период Министерството направи сериозен исчекор во развојот и поддршката на задругарството. Земјоделците ја препознаа поддршката од државата и реалниот бенефит кој го имаат од членството во задруги. Тие имаат можност да купуваат државно земјоделско земјиште, поволности при бодувањето за финансиска поддршка и можности за субвенционирана набавка на опрема и механизација која ќе им го олесни производството и ќе придонесе за поголеми резулати во нивното работење. Исто така, достапни се европските фондови, наскоро ќе стартува и ИПАРД 3 програмата, со што се отвораат нови можности и нови средства на располагање“ изјави Хоџа. Тој се заблагодари на поддршката која континуирано ја добиваме од Делегацијата на Европската Унија, како и на сите учесници во проектот.

Г -дин Константинос Супилас – Програмски менаџер Делегација на ЕУ, изјави дека е многу задоволен што денеска одбележуваме завршување на уште еден проект, реализиран со поддршка од Европската Унија. Тој се заблагодари на сите учесници кои беа директно вклучени во процесот и кои заеднички ги постигнаа проектираните цели на проектот.

Претставниците на CAREInternational и Македонската развојна фондација за претпријатија, ги претставија конечните достигнувања на проектот. Меѓу друго резултатите вклучуваат: подобрување на правната рамка која го регулира формирањето и функционирањето на земјоделските задруги; зајакнување на улогата на чадор –организацијата на земјоделските задруги; подобрување на улогата на МЗШВ за следење на перформансите на земјоделските задруги преку креирање на посебен софтвер; подготовка на Стратегија за МЗШВ за развој на земјоделските задруги (2022-2028) и последно, но не и најмалку важно, презентирање на инвестициите од проектот во рамките на грантовата шема за 18 земјоделски задруги низ целата земја.
Вкупниот износ на проектот е 1,98 милиони евра и има за цел да се зголеми конкурентноста на пазарот и соработката меѓу земјоделците во земјата, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање нови земјоделски задруги.

Спонзорирано: