„Сите сме ние граѓани. Не ме интересира ни етнички, па не ме интересира ниту политички што се луѓето. Како претседател на СДСМ и како претседател на Влада кажувам дека за мене граѓантие се светост, човекот, тоа е тоа“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во неговото гостување на ТВ21.
Тој додаде дека ваквиот концепт мора да се истера до крај, бидејќи не е потребно повеќе „билдање“ кој е поголем Македонец, кој е поголем Албанец или Бошњак или Србин, бидејќи сите сме граѓани на Северна Македонија. „Нашиот сон е низ пријателските политики, низ дијалогот, низ дипломатијата, низ важноста за минатото и чувањето, но градењето пријателство и иднина со соседите и со целиот свет, да бидеме членка на ЕУ“ кажа Заев.
Премиерот истакна дека треба да се израдуваме на нашето знаме и во ЕУ, но и да ги имаме европските вредности и тука, оти членката на ЕУ значи завршен процес и европеизаиција.