23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Промена во годишниот распоред за работа на судиите во кривичен суд

Основниот кривичен суд Скопје информира дека согласно бројот на активни предмети во работа во одделите на судот, како и во одделението за организиран криминал и корупција, како и бројот на судии кои постапуваат по предметите, со одлука на претседателот на судот направена е промена во годишниот распоред за работа на судиите.

„ Па така, судијата Фанка Јанчулева Михаиловска од одделот за кривично полнолетни е распределена да постапува во одделението за организиран криминал и корупција, со што ги презема предметите по кои досега постапуваше судијата Владимир Туфегџиќ, кој беше разрешен по негово барање. Поради интерес на медиумите и невладините организации кои ги следат главните расправи, ја информираме јавноста дека меѓу предметите кои ги презема новиот судија во одделението се и предметот со КОК бр. 30/20 познат како ‘Шпански скали’ за кој расправата е насрочена за 20.10.2021 година во 10:00 часот, како и предметот со КОК бр. 65/21, познат како ‘Еразмус’ за кој расправата е насрочена за 2.11.2021 година во 11:00 часот, за што странките се веќе известени“, додаваат од судот.