Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шилегов на МТВ: Не сметам дека е ароганција ако им покажам на дел од кандидатите дека немаат познавање на Скопје

Управувањето со Градот Скопје не е список на желби туку план и добра стратегија, не сметам дека е ароганција ако им покажам на голем дел од кандидатите дека немаат познавање за проблематиката и за решавање на проблемите на градот Скопје, рече кандидатот и градоначалник на Град Скопје на дебатата на МТВ.

– Во однос на заштитата на животната средина презедовме сериозни чекори, ја вративме Дрисла во владание на градот и со тоа ќе решиме проблем со отпадот, Депонијата Вардариште исто така ја расчистивме, но потребна е инфраструктура за промена на начинот на греење и на тој начин ќе овозможиме почист воздух, исто така ќе имаме почист воздух со бас рапид транзитот кој е во рамки на проектите, појасни Шилегов.

Тој дополни дека на депонијата Вардариште не влегуваат тешки возила и тие не се проблем бидејќи тие не палат кабли и друг отпад.

– Мора да се заштити почвата, атмосферските води да не влезат во Вардар, не во прашање само студија туку и цел проект и елаборати, потребна е сума поголема од 6 милиони евра за да го затвориме Вардариште така како што треба, појасни тој.

Шилегов рече дека за добро спроведени проекти потребен е  план и добра стратегија и организирање на ситеми од урбани транспорт, мостои и сл. не се носат со брзи одлуки, мора добро да се испланираат за да се имплементираат.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК