23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ разоткрива: Постојат основани сомневања дека со бизнис партнери како параван, Јанчев купил над 21.000 квадратни метри земјиште на локација каде ќе се гради елитна населба

Изјава за медиуми, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Последниве неколку сведоци сме на објава на документи со кои се покажува како досегашниот градоначалник ја злоупотребувал својата функција за сопствени интереси на начин на кој си вртува маркица за изградба на бензинска пумпа во просторот на неговата компанија.

Исто така постојат основани сомненија дека со користење на негови бизнис партнери како параван, купил земјоделско земјиште од над 21.000 метри квадратни во месноста 12 Ваташки Другари.

Во постапка е промена на детален урбанистички план со цел промена на земјиштето од земјоделско во градежно, со што вредноста ќе се зголеми над десет пати

Деталниот урбанистички план за оваа локација предвидува изградба на нова елитна населба. 3,

Токму поради ова ги повикуваме надлежните институции да покренат соодветна постапка и да ги истражат овие случаи.

Почитувани

Сведоци сме дека изминатите пет години, централната власт со буџетски средства инвестира во секоја општина рамномерно, и тоа во патна инфраструктура, училишта, градинки, спортски сали, повеќенаменски спортски терени.

Во нашата општина, инвестициите од централната власт преку директни буџетски средства, но и преку јавните претпријатија се прилично големи, а бенефитот од сите реализирани проекти можете да го уживаме сите ние жители на нашата општина.

– Владата инвестираше во изградба на две училишни спортски сали во ОУ Тоде Хаџи тефов и Страшо Пинџур Кавадарци, во целосна промена на тревна површина и систем за наводнување на градскиот стадион, реконструкција патот Кавадарци – Росоман, Кавадарци- Дреново, Глишиќ- Неготино, но и рехабилитација на улиците Илинденска , Пионерска, Браќа Џунови.

Со средства од буџетот се изгради велосипедско-пешачка патека A се започнува со изградба на затворен градски базен и нов систем на греење во спортската сала Јасмин.

По цели 40 години се изгради целосно нова детска градинка а се изврши доградба на 2 постоечки градинки, но се изградија и две градинки во с.Возарци и с.Марена.Се изгради нов модерен мост во с.Ваташа инвестиција на ЈПДП.

– СЕГАШНАТА власт предводена од СДСМ работи транспарентно и демократски, и ниедна општина вклучувајќи ја и нашата не е заборавена и изоставена како што тоа беше случај со претходната власт.

Претходната власт цели 11 години инестираше во барок , во фасади , споменици , а општините беа заборавени и без никаква поддршка.
Сега ситуацијата е сосем поинаква.
– Само пред неколку години невработеноста во нашата држава беше 33%, минималната плата 9000 ден просечната 22.500 ден. Сега невработноста е 16% , минималната плата.

ИМА РАЗЛИКА И ТОА ГОЛЕМА А РАЗЛИКАТА ЈА ПРАВИТЕ ТОКМУ ВИЕ

ПОЧИТУВАНИ, НАШАТА ПОНУДА НА ОВИЕ ИЗБОРИ Е ЧЕСНА И ИСКРЕНА А ЈАС КАКО ПРАТЕНИК ЗАЕДНО СО НОВАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ , ЌЕ РАБОТИМЕ ЗА УШТЕ ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ И УШТЕ ПОВЕЌЕ ИНВЕСТИЦИИ ЗА КАВАДАРЦИ .
СО НАШАТА ОДЛИЧНА ПРОГРАМА И ОСТВАРЛИВИ ПРОЕКТИ ЈА БАРАМЕ ВАШАТА ПОДДРШКА СО ЦЕЛ унапредување на ИНФРАСТРУКТУРАТА, КУЛТУРАТА, ТУРИЗМОТ, СПОРТОТ, родовата еднаквост, условите и заштита на децата, на младите, на самохраните родители, и на секој наш сограѓанин.

ТОКМУ ЗАТОА ВЕ ПОВИКУВАМ НА 17 ОКТ ДА ГО ДАДЕТЕ СВОЈОТ ГЛАС, ЗА КАНДИДАТОТ НА СДСМ И коалицијата, Горан Тодоров и советничката листа со број 12 предводена од др. Диме Коцев, гласајте за слобода, гласајте за демократија и достоинство.
ПРЕД СЕ ГЛАСАЈТЕ ЗА ЧЕСНОСТ И СКРОМНОСТ, ГЛАСАЈТЕ ЗА ПРОГРЕС, ЗА ВИСТИНСКИ ВРЕДНОСТИ.