Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Излезете на гласање и вие разочараните и вие што до сега сте бојкотирале

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот предизборен митинг во Свети Николе упати повик до разочараните гласачи и тие кои досега ги бојкотирале изборите процеси да излезат и да го дадат својот глас затоа што сите граѓани во Македонија имаат заеднички противник, а тоа е Зоран Заев.

Мицкоски до оние кои досега бојкотирале и не го давале гласот за ниедна партија им порачува да не дозволуваат да пропадне нивниот глас.

„Некогаш неодговорната власт не е само последица на лошите особини на челните луѓе и првенците на власта, туку и поради игнорирањето и незаинтересираноста на добрите луѓе да учествуваат во политиката, тоа се луѓето кои одбрале да молчат кога требало да бидат гласни, да викаат“, изјави Мицкоски.

Мицкоски ги повика да излезат за да се уверат дека не се сите исти, дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобра иднина и против криминалот на Зоран Заев, затоа што останувањето дома не дава плод.

„Излезете на овие избори, излезете в недела, на 17 октомври, и поддржете нè, поддржете го бројот 7, гласајте се ВМРО-ДПМНЕ и најголемата коалиција, коалицијата со народот“, нагласи Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

ДЕСК

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

ДЕСК

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

ДЕСК