8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утре облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови, а во останатите делови ќе бидат со послаб интензитет, информира УХМР.

Поради затоплување на висина, на планините врнежите повторно ќе преминуваат во дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од сабота ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат, Сотир Лукровски ќе победи во Карпош

ДЕСК

ГАЛЕРИЈА: Еве колку народ се насобра на трибината на СДСМ и коалицијата во Прилеп

ДЕСК

Филипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

ДЕСК