Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Илиевски на дебата ТВ Плус: Граѓаните не избираат градоначалник да води надворешна политика, туку да обезбеди подобри услови за живот на граѓаните

„Оваа кампања е за локални избори, жителот од Романовце не го интересира висока политика, го интересира тоа што нема канализација, жителот од Ајдучка Чешма нема асфалтирани улици, ученикот од Сами Фрашери и неговите родители ги интересира тоа што нема соодветни услови во училиште, не е безбедно.„

Илиевски истакна дека градоначалникот одговара пред граѓаните, не одговара пред друг, може само да бара дополнителни средства за да се реализираат капитални инвестиции.
„Граѓаните не го избираат да води надворешна политика. Тоа треба да расчистиме. Ако некој сака да води надворешна политика, можеше да биде пратеник или министер за надворешни работи. Градоначалникот треба да ги подобрува условите за живот на своите сограѓани.„

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК