„Морам да кажам дека општина Центар четири годни беше под мораториум, а воедно ги санираме оние штети што ги има направено ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години. Имено не се почитувале законите за градаба кога се носеле ДУП-овите во кои се планирале згради-сто катници во центар“ потсети уште на самиот почеток на дебата на МТВ, Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на скопската општина Центар од СДСМ.
Инаку статистички е докажано дека општина Центар е најфрекфентната општина со најголем сообраќај и со најголем број посетители.
Во делот на сообраќајот во програмата на Герасимовски како што рече има одредени решенија, а тоа е сите улици под нејзина ингеренција, освен нивната реконструкција да бидат надоплонети и со пешачки зони и вело патеки. Дополнително, се обезбедуваат резидентни паркинг простори во сите делови на општината, затоа што мораме да ги имаме предвид прво интерсите на нашите жители, а потоа сите останати, но секако и зголемување на паркинг просторот, рече Герасимовски.
„Во делот на образованието, нужни се реконструкции на училиштата почнувајќи од Коле Неделковски каде планираме зголемување на капацитеот на училници и кујна за децата. Истото тоа важи и за останатите училишта. Веќе имаме ново училиште кое е за поздравување, кое е пример за цела држава а тоа е училиштето Киро Глигоров“ рече Герасимовски.
Според Горан Герасимовски сите градинки се реконструирани, а доплонително, потпишан е и меморандум за намалување на цената од месечната уплата за педесет проценти од 1500 денари на 750 а трошоците ќе ги преземе општината.
Што се однесува до улиците, како тие се завршуваат со реконструкција, се нивелираат и шахтите. „Народен Фронт“ се завршува, се обележува сообраќајно и шахтите се нивелираат, истото ќе биде и со „Орце Николов“.
„Во однос на инспекциските служби веќе сме предвиделе со праограмата да ги дуплираме брјот на инспектори од сите профили“, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ, Герасимовски
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...