Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за лицето кое осквернави гроб за да украде златен накит од покојник

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице на возраст од 30 години за сторено кривично дело тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Осомничениот, заедно и по претходен договор со уште две лица, на 10.10.2021 година, околу 1 часот по полноќ, на Градските гробишта во Куманово со совладување пречки, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

Тие со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен гроб, започнале да ја ископуваат земјата и дошле до ковчегот во кој се наоѓало тело на починато лице. Осомничените го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел пронаоѓање златен накит, особено златен синџир за кој имале сознанија дека се наоѓа на телото на покојната, меѓутоа при пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Постапка се води и против другите двајца осомничени, кои во моментов се наоѓаат во затвор на издржување казна за друго кривично дело.

Можеби ќе ве интересира

Левица: ВРЕДИ одработи за ДУИ во Брвеница, а ДПМНЕ за локалните избори одработуваше против Левица во корист на ВРЕДИ во Струга, Тетово и Гостивар

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Сами против сите и раст од 1.200 гласа, Брвеница нема да биде заборавена, ВМРО-ДПМНЕ понуди програма и концепт за развој, а тие национални поделби

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката

ДЕСК