Брзи, здрави и вкусни: ваквите јадења се секогаш популарни. Овој рецепт на Марта Стјуарт е токму тоа. Идеален е за задоволување на гладот и е многу вкусен.
Ако чувствувате глад помеѓу два оброка, потребно ви е засилување. Гуруто за животен сил, Марта Стјуарт, го има вистинскиот рецепт само за вакви случаи.
Тоа е брза пица, односно лепиња наполнета со многу зеленчук по ваш избор. Сѐ е полеано со моцарела и сино сирење и збогатено со прелив од сенф наместо сос од домати типичен за пица. Овој рецепт не бара многу подготовка. Коментарот на Марта за здрава пица од лепиња: „Никој нема да забележи дека всушност имате салата за вечера!“
Овој рецепт стана вистински мал хит на интернет, а оние што го пробале велат дека брзата пица излегува одлична и многу вкусна.
Пица со печен зеленчук
Состојки
3 лажици црвен вински оцет, 2 лажички дижон-сенф, 2 лажички свежо сечкано оригано, сол, бибер, 2 лажици маслиново масло, зеленчук по избор (на пример, печурки, тиквички, кељ, модар патлиџан, црвен кромид), 4 лепињи (или наан), 2 топчиња моцарела, 80 гр сино сирење, по избор: мелено чили.
Подготовка:
1. Во сад измешајте оцет, сенф и оригано. Зачинете со сол и бибер и полека мешајте го маслото. 2. Исечете парчиња зеленчук со големина по избор и премачкајте ги со малку масло. Потоа печете го зеленчукот на скара или во рерна на 180 степени додека не омекне. 3. Наредете околу 2/3 од моцарелата на лепињите, а потоа рамномерно распоредете го печениот зеленчук. Посипете со преостанатата моцарела и сино сирење и ставете ги лепињите за пица во рерна. Печете додека сирењето не се стопи и рабовите станат убави и крцкави. 4. По печењето, истурете го подготвениот сос (прв чекор) врз пиците и послужете веднаш. Ако сакате, можете да посипете со чили.