20.8 C
Скопје
17. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Oд Брисел и особено од Софија очекуваме реално да покажат дека европските вредности и принципи за проширување се сѐ уште стратешка цел

– Сега од Брисел и особено од Софија очекуваме реално да покажат дека европските вредности и принципи за проширување се сѐ уште стратешка цел. Дека процесот на проширување на Западниот Балкан е жив. Дека гледаат напред, исто како што македонскиот народ гледа напред. Тоа е европски поглед, порача меѓу другото премиерот Зоран Заев на денешното обраќање по повод Денот на Народното Востание.

– Нашиот глас е силен и далеку се слуша кога укажуваме дека секое натамошно одложување на почетокот на преговорите ги потхранува и храбри ретроградните сили во земјата и регионот. Укажуваме дека е опасно на тие сили, кои се противници на европското единство и европските вредности, да им се даде и најмала шанса. Денес нашата држава е ценет и посакуван партнер. Успешна приказна која започна да ја менува приказната на Балканот. Северна Македонија е препознаена и како инспиратор на еден нов Балкан. Балкан втемелен на пријателство и соработка, без предрасуди и анимозитети, достоен за 21-от век. Отворен Балкан на заедничката регионална политика и партнерство, рече Заев.