2. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ферат Асан од Шуто Оризари: За прв пат во историјата ќе формираме јавно комунално претпријатие во општината

„Нашата програма за Шуто Оризари е правена анлизирајќи на терен, од куќа до куќа, од улица до улица. Видовме што се недостасува, што им фали на граѓаните на Шуто Оризари и за што имате потреба. Вашите улици се полни со кал, а депониите веќе не се брда со ѓубриште, туку станаа планини. Затоа за прв пат во историјата на општината ќе формираме јавно претпријатие за комунални услуги“ кажа кандидато за градоначалник на општина Шуто Оризари од СДСМ и коалицијата Ферат Асан на трибината „Најдоброто за мојата општина“.

Тој додаде дека јавното препријатие ќе биде првата установа во историјата на општината која ќе ги врши комуналните услуги за собрање и рециклирање на отпад, но истовремено ќе се занимава и со паркингот во општината и погребалните услуги.

„Многу фамилии немаат средства за да си ги погребаат свотие најблиски. Тоа мора да се реши и мора да имаме наши гробишта во Шуто Оризари“ кажа Асан.

Тој запраша зошто во Шуто Оризари луѓе на платен список во општината командуваат со паркингот, наместо тоа да се регулира како што е во сите општини во градот Скопје.

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари вети и изградба спортски центар во општината со цел развивање на спортот и создавање на генерации спортисти со кои општината ќе биде горда.