Соопштение на СДСМ Скопје :
Бесрамно е учеството на Данела Арсовска на дебата на тема „социјално и економско зајакнување на жените“ на „Текстилијада“ во Штип. Данела Арсовска беше противник на социјалното и економско зајакнување на жените преку зголемување на минималната плата на текстилните работнички. Целокупната јавност знае дека кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска и носителот на листа Трајко Славески беа едни од најгласните противници на покачувањето на минималната плата, која најмногу ги засега жените текстилни работнички од Штип.
Како застапник на „бизнис заедницата“ и интересите на крупниот капитал на нејзиниот заменик Сеад Кочан, Данела Арсовска јавно тврдеше дека „Секој вештачки обид за зголемување на минималната плата за нас не е добар“ и манипулираше дека покачувањето на минималната плата нема да биде одржливо.
Данела Арсовска заедно со Трајко Славески на ТВ дебати ги застапуваа интересите за профит на газдите и апелираа да не се покачува минималната плата. Славески дури изнесуваше лаги дека покачувањето на минималната плата ќе донесе „нестабилност, хаос, секојдневни штрајкови“.
Арсовска, Славески и ВМРО-ДПМНЕ беа здружени против покачувањето на минималната плата на работниците. Откако Арсовска и Славески ја манипулираа јавноста дека минималната плата не треба вештачки да се покачува, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Законот за покачување на минималната плата и ја напуштија собраниската седница кога требаше да се гласа.
Работниците знаат дека СДСМ ја покачи минималната плата од 9 на 15 илјади и ја зголеми просечната плата за околу 100 евра. Работниците знаат дека СДСМ ја намали стапката на невработеност на најниски 15.9% и вети покачување на минималната плата на 300 евра од 1 јануари 2022. Арсовска, Славески и ВМРО-ДПМНЕ беа против зголемување на минималната и просечната плата. Арсовска, Славески и ВМРО-ДПМНЕ се заинтересирани само за зголемување на профитот на „бизнис заедницата“.