20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тодоров: Со мерки и проекти значително, системски ќе ги поддржуваме малите бизниси

Прес на Горан Тодоров, кандидат за градоначалник на СДСМ за Кавадарци:

Локалната економија е двигател на животот, особено кога истата е насочена во ист правец како и државната.

Малите бизниси се темелите на развојот на една економија. Затоа како нова локална власт, ќе ги поттикниме отварањето на нови мали бизниси.

Новата локална власт предводена од СДСМ ќе изгради центар за започнување бизнис, односно бизнис и старт ап центар, каде што кавадаречки претприемачи ќе добијат бесплатни деловни простории за своите новоосновани, стартап компании.

Во овој центар претприемачите ќе добијат и бесплатни правни, сметководителски и маркетинг услуги, во почетните фази на развојот на овие компании.

Ова помош, експертиза која ќе ја добиваат во овој старт ап центар, ќе биде од исклучително значење за раст и развој на бизнисот, посебно во неговите почетни фази.
Со овој проект ќе се стимулираат пред се младите и но сите останати да покренат иницијатива, креативно да размислуваат и од тоа самостојно да заработуваат.
На долг рок, овие компании со својот раст и развој, ќе вработуваат нови млади луѓе, со што ќе се намалува и невработеноста во градот, ќе растат платите, а со тоа и животниот стандард.

Покрај ова ќе организираме натпревар на млади претприемачи во кој најдобрите идеи и проекти ќе бидат финансирани од општината, за да го презентираат својот изум/проект на саеми во државата и во странство, но и за истиот да го реализират.

Малите бизниси се важни за развојот на локалната економија.

Затоа истите со мерки и проекти значително, системски ќе ги поддржуваме.