Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повредено 19 годишно девојче во сообраќајка во Прилеп

На 03.10.2021 во 14.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосницата од ул.„Јоска Јорданоски“ со ул.„Цане Илиоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од П.К.(43) од Прилеп и мопед, управуван од Д.Т.(21) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот, М.Н.(19) од Прилеп, констатирани во Општата болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на несреќата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК