Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дете се обидело да украде накит од вратот на скопјанец, кривична пријава за родителите

Против родителите на малолетник од Скопје ќе биде поднесена кривична пријава откако тој се обидел да украде накит од минувач на улицата Максим Горки во главниот град.

„На 3.10.2021 во центарот на Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што на улицата Максим Горки со употреба на сила се обидел да одземе накит од вратот на Л.Н.(65) од Скопје. Малолетникот бил предаден на родителите, а за настанот бил известен Јавен обвинител за малолетници. По целосно документирање на случајот против родителите на малолетникот ќе биде поднесена пријава по член 201 од Кривичниот законик, додека против малолетникот ќе биде поднесено известување до Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело“, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК