Интегрално обраќае на Борче Георгиевски, кандидат на СДСМ за градоначалник во Гази Баба:
4 години враќавме наследени долгови и се боревме да надоместиме 20 години загубено време со поставување водоводи, канализации, изградба на градинки, училишта, инфраструктура. Но, и културата беше и останува уште еден наш приоритет.
Денеска, најавувам дека третиот од клучните проекти во програмата 2021-2025 е – Реконструкција и повторно отворање на Домот на култура во Ченто и Колонија.
Со реконструкцијата на Домот на култура „11-ти Октомври“ во Ченто ја заштитуваме постојната архитектура на објектот. Ги чуваме спомените на генерации граѓани од Гази Баба и Скопје. Предвидуваме и реконструкција и повторно заживување на Домот на култура во Колонија.
Изминативе четири години понудивме нов концепт за културни настани, за секоја возраст. Покрај културното лето, организиравме проекции кино на отворено и го организиравме театарскиот фестивал Провокација.
За учениците го организиравме Танцот на полуматурантите и драмскиот фестивал Маска.
Повторно ја отворивме библиотеката „Браќа Миладиновци“, уредена за љубителите на пишаниот збор.
Проектите – Вкусот на Гази Баба – и – Убавините на Гази Баба -ја промовираат традиционалната кујна, домашните производи на компаниите од општината, како и можностите за рекреација и туризам.
Како веќе добри културни традиции ги продолжуваме и во наредните четири години.
Го опремивме Домот на култура „Димитар Влахов“ во Автокоманда. Сега, таму, работи театарот „Чекори“, а од скоро во овој простор се приклучи и театарот „Провокација“.
Следува обновување на спомен бистите во основните училишта, давајќи достојна почит на историските ликови чии имиња ги носат.
Гази Баба има археолошки локалитети, кој за жал се во лоша состојба. Предвидуваме заедно со Владата да започнеме нивна реконструкција и заштита.
Млади ликовни уметници и ликовни групи добиваат шанса за уредување на запуштени јавни површини со креативни урбани графити и мурали.
Доделуваме финансиска поддршка на културни работници и културни манифестации.
Посветено се грижиме и ја развиваме културата во нашата општина. Заедно да продолжиме.
ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРОТО ЗА ГАЗИ БАБА!
ЗАШТО СМЕ ПОСВЕТЕНИ! ЗА ГАЗИ БАБА!