24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шилегов за програмата на Арсовска: Ветени се нешта што веќе се прават – за нас луѓето се над политиката

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со презентацијата на програмата на кандидатката Данела Арсовска, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов укажа дека од она што чул, ветени се и работи кои се во фаза на имплементација:

„Секој има право да излегува со сопствена понуда. Од она што успеаја да ми кажат колегите – не можев да гледам, со обврски сум – ветен е токму овој булевар каде што денеска се наоѓаме, „Борис Трајковски“. Ветено е продолжување на „булевар Словенија“, нешто за кое што градот вчера ги отвори понудите. Ветен е „булеварот Хрватска“ за кој што е завршена градежната документација и моментално се работи на дислокација на енергетските инсталации на МЕПСО и на ЕВН. Ветена е Универзална Сала, која што се прави.“

Градоначалникот Петре Шилегов укажа дека секој треба да излезе со својата понуда: „Она за што јас зборувам, е токму тоа што го работевме во изминативе четири години, а тоа е дека Скопје расте и се развива на сите негови сегменти, во сите негови делови. И она што е за мене многу битно, како човек, како градоначалник, па и како политичар ако сакате – дека во овој град луѓето се пред се. Тоа што го правиме, тоа што го имплементираме, тоа што сум убеден дека ќе продолжиме да го работиме во континуитет во наредните четири години е дека луѓето се над политиката.“