22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Кога 92 проценти од работниците го чекаат законот за недела ден за одмор, опозицијата блокира со процедурални прашања

Законот за недела ден за неделен одмор кој е потребен на работниците за да бидат попродуктивни и мотивирани и да направат баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот е заглавен на второ читање во собраниската комисија за труд и социјална политика и пет часа чекав да отпочне расправата по амандманите за жал опозицијата партија ВМРО-ДПМНЕ користејќи ја алтката за процедурални забелешки го одолговлекуваа ова решение, рече во гостувањeто на „Утински брифинг“ министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

– Кога 92 проценти од работниците чекаат да го добијат своето право и законското решение што веќе требаше од 1 Октомври да се имплементира ние уште сме заглавени во собраниските процедури. Законското решение е точно дефинирано согласно законот за трговија и таму вели сите продавници ќе бидат затворени освен големите моловите но ќе се работи во една смена, но доколку закупците одлучат да ги отворат своите продавници ќе работат од 10 до 18 часот, работниците кои ќе одлучат да работат во овој ден ќе добиваат 100 проценти повисока дневница отколку регуларната и  ќе имаат право за ден на одмор во наредните седум дена, во останатите делови на државата се ќе биде затворено освен бензиснките пуми или ако се работи за маалки дуѓанчиња каде сопственикот одлучил да ја плати дневницата ќе може да работи, појасни Шахпаска.

Според неа во делот на контролата на работењето тоа ќе го вршат инспекторатите како и УЈП да се врши надзор на цените и почитувањето на законите.

-Ние работиме и на други законски решенија со цел ставање на неформалната во формална економија со низа алатки кои ќе овозможат ваучер систем за работниците кои работат од сезонски карактер итн. Последните податоци говорат дека има пад на сивата економија преку координативни тела. И граѓаните треба да  придонесат за намалуввање на сивата економија, кога ќе имате јасно дефинирани цени на пазарот на трудот и преку еден систем на пример преку еден ваучер систем и секој вложен денар ќе биде регистриран.