22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски – Задиќ: Австрија ги поддржува храбрите политики во борбата против корупција

Во рамки на работната посета, на Виена, Република Австрија, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски, имаше работна средба со Федералната министерка за правда на Република Австрија, Алма Задиќ. На средбата вицепремиерот Николовски ги презентираше тековните и идните владини мерки за борба против корупцијата. Николовски ја информираше министерката Задиќ за усвојувањето на Националната програма за усогласување со на европското законодавство 2021-2025, и изрази благодарност за поддршката на Австрија на реформскиот процес во Северна Македонија особено во областа на владеењето на правото.

“Со министерката Задиќ сме предводници на една млада генерација на политичари кои имаат искрени намери за нови промени кои резултираат со храбри политики и мерки за општество што почива на ред, правда и функционалност. Северна Македонија направи голем исчекор во однос на исполнување на стратешките цели, членството во НАТО, а нашите резултати и капацитети и нашата подготвеност за почеток на преговори со ЕУ, се неспорни. Сега фокусот го ставаме на борбата против корупцијата и криминалот, не затоа што ЕУ го бара од нас, туку затоа што имаме обврска кон граѓаните да им овозможиме подобри услови за живот во општество еднакво за сите”, рече Николовски.

Министерката Задиќ, порача дека Австрија останува отворена за експертска помош на Северна Македонија во делот на борбата против корупција.

„Вашата земја направи многу во поглед на евроинтеграциите, а клучен е напредокот што го направивте во борбата против корупцијата. Австрија останува силен поддржувач на Северна Македонија. Сите наши искуства, особено во делот на владеење на правото и борба против корупцијата ќе ви останат на располагање”, рече Задиќ.

При официјалната посета на Виена, во текот на вчерашниот ден, вицепремиерот Николовски имаше работни средби со извршната директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC), Гада Фати Вали, како и со директорот на Одделот за спогодбени работи на UNODC и неговиот тим експерти, на кои се разговараше за досегашната соработка во рамки на Регионалната програма на UNODC за Југоисточна Европа.

Спонзорирано: