Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Европската Унија со помош за жртвите од пожарите во Северна Македонија

Како одговор на пожарите што избувнаа во Северна Македонија кон крајот на јули, Европската Унија обезбедува 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови на борбата со пожарите.

Овие средства од ЕУ го поддржуваат националниот Црвен крст во испораката на потребната помош, вклучувајќи храна и други основни производи.

Корисници на оваа хуманитарна помош ќе бидат 12.600 погодени лица составена од храна и хигиенски пакети, пакети за бебиња, сетови за прва помош, душеци, ќебиња, кујнски прибор и постелнина. Исто така, ќе продолжи поддршката за противпожарните тимови што дејствуваат на терен.

Средствата се дел од вкупниот придонес на ЕУ во Фондот за итна помош при катастрофи (ДРЕФ) на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC).

Почнувајќи од 30 јули 2021 година, Северна Македонија беше погодена од топлотен бран што резултираше со големи пожари во неколку региони во земјата. Тие доведоа до опустошување на шуми, плодно земјиште, посеви и имот на населението. Едно лице загина, а неколкумина беа повредени. Бројни куќи, како и други објекти изгореа и беа оштетени во многу села.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +