Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нуредини: Франција е подготвена да биде наш стратешки партнер во заштитата на животната средина

Визијата на државата за заштита на животната средина во постигнувањето на зелената ЕУ агенда, напредокот во усогласувањето на националното законодавство во областа животна средина со европското право, подготвеноста на државата и динамиката за искористување на предпристапните ЕУ фондови во областа, како и предизвиците со кои се соочуваме во заштитата на животната средина, беа во фокусот на разговорите што министерот за животна средина и просторно планирање ги имаше со делегација од францускиот Сенат.

Средбата е организирана во рамки на посетата на француската делегација на групата за меѓупарламентарно пријателство Франција-Западен Балкан на Сенатот на Француската Република.

Сенаторката Марта Де Сидрак, претседателка на групата, а воедно и заменик претседател на Парламентарниот Комитет за регионално планирање и одржлив развој, ја истакна заложбата на француската влада за регионална соработка и поддршка во заложбите за заштита на животната средина во нашата земја.

Министерот Нуредини увери дека поддршката од страна на Франција отвара широко поле на соработка во повеќе економски сфери и изрази задоволство од фактот што Франција е подготвена да биде наш стратешки партнер во заштитата на животната средина и климатските промени. Исто така, тој информира за актуелните стратешки приоритети и активности што се реализираат од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање, како и за широкиот спектар на проекти и области за можна соработка, кои би ги поттикнале француските институции за пренесување на нивните искуства, а воедно би биле и поттик на француските компании да инвестираат во земјава.

Целта на соработката е зајакнување на регионалната соработка, поддршка во евроинтегративниот процес и реформи за побрз одржлив економски и социјален развој, преку поддршка на еколошко одржливи проекти, компатибилни со Договорот од Париз.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК