Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за 20-годишник кој лажно пријавил дека му бил украден автомобилот

Полицијата го приведе Д. И. (20) од кратовско село поради лажно пријавување кривично дело.

„На 6 септември во Полициската станица Чаир, Д. И. пријавил дека на улицата Гоце Стојчевски во Скопје му било одземено патничко возило ‘фолксваген туарег’ со италијански регистарски ознаки. Но, по преземени мерки и активности од полициски службеници било констатирано дека станува збор за лажно пријавување“, информираат од МВР.

Д. И. го признал делото и изјавил дека го сторил тоа по претходен договор со едно лице поради должничко доверителски односи и за да го прикрие тоа од неговото семејство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК