20.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утрешното рочиште за случајот „Титаник“, одложено за 22 септември, еден од обвинетите во изолација поради Ковид-19

Заради добиено решение за изолација поради Ковид-19 на еден од обвинетите, главната расправа за предметот „Титаник“ која беше предвидена за утре се одлага, соопшти Основниот кривичен суд.

„Расправата насрочена за 14.09.2021 година се одлага заради добиено решение за изолација, согласно протоколите за заштита од Ковид – 19, на еден од обвинетите,
а воедно истовремено е насрочена и расправа за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“ каде застапник на обвинението е истиот Јавен обвинител“, стои во соопштението од оваа институција.

Следната расправа за предметот „Титаник“ е насрочена за 22.09.2021 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката“, стои во соопштението од Основниот кривилчен суд.