7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец осомничен за нелегално поседување дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 9 септември, при претрес во домот во кој престојувал осомничениот на улицата „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје, во подрумот и во автомобилот, полицијата пронашла вкупно 180,9 грама марихуана, како и 6,49 грама психотропна супстанција 3,4- метилен-диоксиметамфетамин. Исто така, била пронајдена и запленета и дигитална вага со остатоци од наркотични дроги.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК

Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи – имунизацијата е најефикасна мерка за заштита на здравјето

ДЕСК

Лишено лице од слобода од скопско Мирковци, фатен како одзема нафта од училиште

ДЕСК