Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДУИ ги повикува сите граѓани да се попишуваат: „Најголемиот патриотски чин во овој период е пописот“

Демократската Унија за Интеграција на прес-конференција упати апел до граѓаните активно да се вклучат во пописниот процес.

Агим Нухиу од ДУИ ги повика граѓаните да одговорат позитивно на овој, како што рече, многу суштински и значаен процес за целата држава. Нагласи дека ДУИ се погрижила законот за попис на населението да биде сеопфатен, без ниту една забелешка.

„Вратите на нашите домови се отвараат без никаков сомнеж. Граѓаните се попишуваат. Ние повикуваме да се попишува и последниот граѓанин. Најголемиот патриотски чин во овој период е пописот“, рече Нухиу.

Апелот на ДУИ ја опфаќа и дијаспората.

„Попишувањето на дијаспората продолжува без никаков прекин. Ги повикуваме сите оние кои досега не се попишале да го направат тоа во овој период. Сите граѓани на нашата држава ќе се попишуваат, ќе се избројат и ќе бидат дел од вкупниот број на населението на нашата држава вклучувајќи ја тука и дијаспората. Законот ќе се имплементира до неговата последна буква. Институциите посветено се грижат за правилното спроведување на овој процес“, додаде Нухиу.

Пописот ќе трае до 30 септември. За прв пат, дијаспората се попишува користејќи ја опцијата за електронско попишување.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК