Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се судрија мопед и велосипед – повредени три лица

На 06.09.2021 во 22.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на ул.„Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од З.З.(35) од Кавадарци и велосипед управуван од малолетник од Кавадарци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетничка која се превезувала на велосипедот, а со телесни повреди се здобил возачот на велосипедот, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +