22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНО

Се пробива нова улица во кругот на Клинички центар

Град Скопје преку јавното претпријатие Улици и патишта започна пробивање на нова улица во кругот на Клинички центар која дополнително ќе го олесни движењето на возилата и пешаците што ќе овозможи намалување на застојот предизвикан од зголемената фреквенција на пациенти како последица на пандемијата на коронавирусот.

Минатата година, од истата причина во рекордно краток рок беше извршена реконструкција на паркингот и сервисните улици на во кругот на Клиничкиот центар што значително ја зголеми мобилноста која беше неопходна, особено заради итните случаи во вонредните околности кои ги наметна пандемијата.

Во тие рамки изграден е посебен влез за возилата на итната медицинска помош, со физички одвоена сообраќајна лента која го поврзува овој влез со Ургентниот центар. Дополнително, отворен е нов влез кај инфективната клиника, изграден е нов паркинг простор на локацијата каде што се наоѓа мобилната болница со површина од 7000 метри квадратни, а ослободени се и тротоарите од паркирани возила.

Изграден е и нов влез кај клиниката за стоматологија со кој беа создадени услови за целосно одвојување на влезовите и на трасите на движење на возилата за брза помош од оние на останатите возила кои влегуваат во кругот на Клинички.

Реконструирани се двата постоечки паркинзи кај клиниките за хирургија и за гинекологија и акушерство. Со нивната реконструкција и изградбата на новиот паркинг кај монтажната клиника, површината за паркирање која во минатото изнесуваше околу 6.000 метри квадратни, сега изнесува околу 20.000 метри квадратни.

Реконструирани се и околу 90% проценти од улиците и тротоарите кои ги поврзуваат клиниките во Клиничкиот центар, а засадени се и нови дрвореди кои ќе го збогатат зеленилото коешто дополнително го облагородува овој простор.