11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈА

АВМУ: Отворена јавна расправа за нацрт-упатство за платеното политичко рекламирање за локалните избори 2021

На денешната седница Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги усвои нацрт-упатство за платеното политичко рекламирање за локалните избори 2021.

Во него, како што велат од Агенцијата, се утврдува начинот на примена на членот 75-ѓ ставови 1 и 2 од Изборниот законик за локалните избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, со цел да се обезбедат прецизни правила за дозволеното времетраење на платеното политичко рекламирање на реален час емитувана програма кај радијата и телевизиите.

Агенцијата ги повикува сите регистрирани политички партии, независни кандидати за градоначалници/советнички листи, радиодифузери и други заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа е отворена до 16 септември 2021 година.

Нацрт-упатството за платеното политичко рекламирање за локалните избори 2021 е достапно на веб-страницата на Агенцијата.

Спонзорирано: