Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

При полициски претрес домаќините се обиделе низ прозорец да фрлат нелегална автоматска пушка

Скопската полиција, поточно Секторот за недозволена трговија со дрога и оружје денеска, врз основа на претходно добиени информации и судска наредба, извршил претрес на домот на извесен Џ.Љ. на возраст од 63 години.

При претресот била пронајдена автоматска пушка од кинеско производство, рамка за автоматска пушка и 40 куршуми калибар 7,62 милиметри.

За време на претресот С.Љ. (28) се обидела да ја фрли пушката надвор од куќата, но била забележана од полицајците.

Џ.Љ., С.Љ., како и Х.Љ. (35) се приведени во полициска станица и до надлежното обвинителство против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +