23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Расте просечната плата во континуитет

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:

Расте просечната плата во континуитет. Во јуни 2021 година има изнесувано 28.744 денари и била поголема за 7% во однос на јуни 2020 година.
Според Државниот завод за статистика ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 %); Уметност, забава и рекреација (20,5 %) и Информации и комуникации (14,1 %).

Земено во апсолутни бројки, растот на просечната нето плата во минативе четири години (2017-2021) е за цели 5.936 денари, додека во претходните четири години (2013-2017) просечната нето плата имала раст од 1.700 денари.

Континуираниот раст на платите, меѓу другото, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.

Владата останува посветена на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и на покачување на платите за 20 % до 30 % сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.