Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДУИ за ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е на годишнината од Рамковниот да не учествува негов потписник

Демократската унија за интеграција смета дека прославата на 20-годишнината од Охридскиот договор како основа за функционирање на државата треба да нѐ најде обединети, а не поделени, велат од партијата на Ахмети по најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да учествуваат.

„ВМРО-ДПМНЕ не треба да заборави дека тие се дел од изготвувањето и потпишувањето на овој договор и нивниот потпис фигурира таму“, потсетуваат од ДУИ.

Од таму нагласуваат и дека договорот ставил крај на конфликтот во 2001 година, па како што велат, бегството од одговорност и неучеството во јубилејната манифестација е едноставно политичко лицемерство.

„Со ова ВМРО-ДПМНЕ докажува дека тие се партија која уште работи во политиката по една етничка линија. Што се однесува до албанските опозициски партии, тие како и обично не се редат таму каде што се прогресивните сили и нашите сојузници од САД и ЕУ, туку се редат зад ВМРО-ДПМНЕ и не заслужуваат посебно или одвоено внимание од ВМРО-ДПМНЕ“, порачуваат од ДУИ.

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК