Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уште една сообраќајка кај Романовце во која има повредени

На 05.08.2021 околу 16.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат Куманово-с.Романовце, кај место викано „Мачја глава“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Куманово и патничко возило „бмв“, со швајцарска национална ознака, управувано од А.Д.(29) од с.Романовце, кумановско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“ и друг малолетен сопатник во истото возило, додека со телесни повреди се здобиле А.Д. и С.Б.(39) од Куманово, совозач во возилото „бмв“, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото на незгодата извршиле екипа на СВР Куманово и Јавен обвинител.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК