Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пратениците постигнаа консензус за поголема транспарентност и отчетност на Собранието

Мнозинство пратеници во Собранието неодамна ги поддржаа предлозите за измена на Законот за Собрание со кои што ќе се подобри транспарентноста и отчетноста во работата на законодавниот дом на земјата. Амандманите, поднесени од партии од власта и од опозицијата, што вклучуваат одредби со кои ќе се зајакне институционалната буџетска независност и ќе овозможат поквалитетен собраниски ТВ-канал, беа изгласани од сите 73 пратеници присутни на минатонеделната седница. Овие подобрувања се клучни компоненти во 10-годишниот проект „Програма за парламентарна поддршка“.

– Работејќи во име на граѓаните, посветеноста на Собранието за подобрување на транспарентноста и отчетноста се потврдува со мерки што ја зајакнуваат буџетската независност на институцијата и ќе донесат собраниска ТВ-програма со подобрен квалитет. Програмата за парламентарна поддршка, финансирана од Швајцарија, работи во партнерство со Собранието поддржувајќи го дијалогот за политиките со цел да се постигне политички консензус и обезбедува техничка, материјална и финансиска помош – истакна Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ Северна Македонија.

Програмата за парламентарна поддршка со својата помош цели кон пет области: институционален развој, дијалог за политики, надзорна и законодавна улога, транспарентност и отчетност. Неодамна изгласаните амандмани, на граѓаните, граѓанското општество, вклучувајќи ги и маргинализираните групи, ќе им обезбедат можности за да ја зголемат својата вклученост во работата на Собранието.

Уште еден исчекор што ќе придонесе кон зголемена транспареност и отчетност е и потпишувањето договор за набавка на 60-лаптоп компјутери за службата во Собранието. Оваа набавка, што е финансиски поддржана од Швајцарија, има за цел да ги подобри стратешките напори на Собранието за дигитализација на работниот процес и за креирање смарт-решенија за функционирање. Експертизата од обласата на информатичката технологија од Северна Македонија и проектните партнери, како Швајцарското федерално собрание, естонскиот „Риигикогу“ и латвиската организација „МанаБалсс.лв“, исто така, ќе придонесат во чекорите за дигитализација со кои што Парламентот ќе биде потранспарентен и поотчетен кон граѓаните.

Поврзано со остварувањето на истите цели, со швајцарска финансиска поддршка, Собранието неодамна објави повик за набавка на опрема за новото ТВ-студио што е во план да се опреми во институцијата. Во оваа насока, технички дијалот со заинтересираните учесници е планиран за 4 август во 11 часот.

Програмата за парламентарна поддршка е имплементирана од Националниот демократски институт, Центарот за управување со промени и Институтот за демократија „Социетас Цивилис-Скопје“.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК