Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Триесет и тригодишен маж загина кај Удово во судир на два автомобили

Триесет и тригодишен маж загина во сообраќајна несреќа што се случила кај Удово, а едно лице е тешко повредено.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 03.30 часот на регионалниот пат с.Јосифово-с.Удово, на место викано „Расадник“ помеѓу автомобил „ауди“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(33) од с.Удово и „рено меган“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(43) од с.Удово.

На местото на незгодата починал Т.Г., додека З.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Сопатниците во возилото „ауди“, С.П.(23) и И.Н.(23), двајцата од с.Удово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Струмица.

Увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука до Собранието да го достави предлогот Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

ДЕСК

Битолчанка останала без пари и накит – Познатата измамничка шема и натаму актуелна, повозрасните да внимаваат!

ДЕСК

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК