Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На граничните премини Табановце и Богородица за влез и излез се чека по 45 минути

На ГП Табановце и на ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е од 45 минути.

На другите гранични премини, како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија од македонска страна, нема подолги задржувања.

Oд денеска целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип – запад до клучктаа Штип – југ.

Сообраќајот ќе биде пренасочен по веќе постојниот регионален пат, кој минува низ Штип преку Ново Село до клучката Штип – југ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМ ЗА ВРЕМЕТО: Четврток носи пообилни врнежи и грмежи – објавена е четиридневна прогноза

ДЕСК

Ова е најновата вчерашна објава на Никола Груевски на социјалните мрежи, после тоа го нема

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК