Centar.mk
БИЗНИС

Бектеши: Подобри услови за инвестирање за над 200 компании со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите

По предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, објави министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот фејсбук-профил.

Со законските измени се олеснуваат критериумите за аплицирање и за исплата на финансиска поддршка за производствените компании, нагласува Бектеши.

Додава дека со измените на законот ќе се олеснат условите за 245 компании, кои имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година.

„Во согласност со законските измени се олеснуваат условите за доделување финансиска поддршка на компании што инвестирале во услови на Ковид-19, се зголемува опфатот на компании што ќе може да аплицираат за финансиска поддршка, се подобруваат условите за инвестиции од дијаспората, дополнителна финансиска поддршка за компании што се од помалку развиени региони во државата“, се вели во соопштението.

Целта на измените и дополнувањата на овој закон, како што додаваат од Министерството за економија, е забрзано поттикнување на економскиот раст и развој во Република Северна Македонија преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата на Република Северна Македонија и на вработувањата.

Законот за финансиска поддршка на инвестициите почна да се применува во 2018 година како дел од планот за економски раст на Владата.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ЗА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи РКЕ

ДЕСК

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

C +