Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нов инспекциски надзор во „Пејпар мил“ по пријава на граѓани

Државниот инспекторат за животна средина вчера спроведе вонреден инспекциски надзор во „Пејпар мил“ за да утврди зошто има видлив чад и повремен мирис од согорувањето пелети од котелот, на што од неодамна се жалат граѓани што живеат во близина на фабриката. Во текот на надзорот се извршија и мерења на емисиите на прашина и штетни гасови од страна на акредитирана лабораторија, ангажирана од страна на Инспекторатот.

„Со надзорот се утврди дека при вградувањето на новата опрема за автоматизација на системот за пречистување и одведување на отпадните гасови – се оштетени делови од вреќестиот филтер. Пред да се влошат состојбите, акредитираната лабораторија имаше утврдено дека емисиите на прашина, со помош на вреќестиот филтер, се во обем од 8 mg/m3 (што е далеку под дозволената гранична вредност). Инспекторатот даде рок од еден месец за доведување на емисиите во рамките на овие вредности.

Инспекторатот ја задолжил „Пејпар мил“ да заврши со набавка на потребните делови за да се спречи загадувањето и поправка на целиот систем, вклучително и на новата автоматика за пречистување и одведување на гасовите. Во меѓувреме, како што се наведува, функционира водниот филтер (скрубер), а за добивање енергија се користи биомаса и гас.

Доколку со извршените мерења се утврдат надминувања на граничните вредности утврдени со дозволата, Инспекторатот ќе преземе дополнителни мерки.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК