Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прилепчани впериле пиштол во полициски службеници на наплатна рампа, имало и пукање

Во понеделникот полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода лицата И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп.

Според полицијата, осомничените лица во 19:55 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес, при обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д., П.Б, кој бил негов сопатник, вперил пиштол кон полициските службеници, а во обид да избегаат ја оштетиле наплатната рампа.

Полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, а повредени лица нема, велат од МВР.

Според полицијата, известен е и Јавен обвинител а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК

ТРОЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО КАРПОШ: Тепале полициски службеници

ДЕСК