Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во скопско, пронајдени стебла канабис и експлозивна направа

На 07.07.2021, од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и содејство со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје лишени од слобода се Н.Р.(67) и З.Д.(33) од с.Страчинци, скопско. При претрес извршен со наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје во дом и други простории кај двете лица, пронајдени се и одземени саксии со растенија канабис сатива и експлозивна направа од проектил со експлозивно полнење кал.15мм.

Двете лица се приведени и по документирање на случајот, по насока на Јавен обвинител, против З.Д. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215, а против Н.Р. по чл.396 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК